13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

На интернет се фалел со добитниот тикет, а потоа друг му ја украл добивката

Кога веќе тикетот бил добитен човекот ја објавил фотографијата на социјалните мрежи, а непознат сторител му ја подигнал добивката со помош на кодот од тикетот.

Полициските службеници од Вараждин примиле пријава од 27-годишен човек кој бил измамен.

Како што јавуваат од полицијата, човекот во средата уплатил тикет во една од обложувалниците во Вараждин. Откако тикетот станал добитен тој се пофалил на социјалните мрежи а друг човек со помош на кодот од тикетот ја исплатил добивката од околу 100 куни.

Против непознатиот сторител е поднесена казнена пријава од надлежните. Овој случај уште еднаш укажува на тоа колку денеска е лесно да се украде некој идентитет.

поврзани објави

Последни објави