14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

PSA под своја палка го зема Opel

Групата PSA се договорила со Американскиот General Motors за купување на нивната европска единица Opel / Vauxhall, пишува Reuters. Зделката била поддржана и од бордот на PSA Peugeot-Citroen, па продажбата најверојатно ќе биде официјално објавена најверојатно веќе во понеделник. Како потврда за тоа, работниците на Opel во Риселсхајм се повикани на собрание во општината во понеделник наутро.

Шефот на PSA Карлос Таварес го прифатил барањето на Американците Opel да не им биде веќе конкуренција на кинескиот пазар, а во замена за тоа GM ќе се погрижи за милијардите кои недостасуваат во пензиската шема на компанијата.

Со купувањето на Opel, Французите треба да ги намалат развојните и производствени трошоци во просек за 1 милијарда евра годишно, како и да добијат пристап до пазари, на кои во моментов се присутни само симболично. GM пак се ослободува од европската единица, која веќе 16 години по ред е во загуба и ќе може да се фокусира повеќе на својот бизнис во Кина.

поврзани објави

Последни објави