-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Најбизарните сексуални обичаји ширум светото

Кога ќе се спомене секс и сексуални односи веднаш се наметнува ова како некоја табу тема. Сепак тоа не било така од секогаш, барем во некои помали средини, племиња каде што сексот се сметал за некој вид на ритуал.

Во минатото во хавајската култура во пракса важел обичајот да се дават имиња на сопствените гениталии. Членовите на кралството и народот имале песни со кои ги опишувале своите полови органи.

Во древен Египет се верувало дека текот на реката Нил предизвикува  ерекција на богот Атум. Па поради тоа фараоните имале ритуал на мастрибација во водите на славната река.

Народ Гуарџиро од Колумбија има интересен начин на забава. Во  церемониалниот танц, девојќите можат да подметнат нога на некое момче. Ако тоа го сторат тогаш нивниот танц мора да заврши со секс.

Жителите на малиот остров Инис Биаг на брегот на Ирска спаѓаат во најзатворените друшва кога станува збор за сексуалните активности. Возрасните луѓе не го соблекуваат до крај долниот веш ниту за време на сексуалниот однос бидејќи сметаат дека сексот е лош за нивното здравје.

Во Средниот век црквата дошла до заклучок дека мисионерска поза е единствена правлна положба за сексуален однос.

Одредени племиња на Хималаите практикуват дека сите браќа делат една сексуална партнерка. Така немаат многу деца со оглед на тоа што немаат можност да издржат поради суровите животно услови.

На некои острови во Полонезија било сосема нормално да се посматраат родителите додека имаат однос. Децата спиеле во соба со своите родители и биле присутни за време на нивните сексуални односи.

поврзани објави

Последни објави