19.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

АМСМ: Намалена видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка

spot_img

Автомотосојузот на Македонија вечерва соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а поради појава на густа магла, намалена е видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 30 до 50 метри, како и на планинскиот превој Ѓавато – од 50 до 100 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, а особено да се внимава на местата на кои се изведуваат работи на пат и возачите да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

поврзани објави

         

Последни објави