Доцна ноќта и рано изутринава се регистрирани поголем број на земјотреси речиси на цел Балкан односно во Италија, Турција, Грција, Малта, Албанија и Бугарија.
Во Грција е регистриран земјотрес со најголема јачина од 3,2 степени по Рихтер, со епицентар во Атина, во Албанија со јачина од 2 степени со епицентар во Тирана, додека во Бугарија, со епицентар во Софија е регистиран земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер.
Во останатите земји, во Италија се регистрирани повеќе мали земјотреси, во Турција најголемиот бил кај Измир со 2,2 степени по Рихтер.