Папата Францис испрати 100.000 евра за сиромашните во војно разорениот сириски град Алепо, соопшти денеска потпаролот на Ватикан.
Донацијата ја дала ватиканската администрација, а средствата ќе бидат упатени преку канцеларијата за хуманитарни работи на папата.