Македонската асоцијација на новинари со соопштение реагира, на како што велат, притисоците врз медиумите од страна на СДСМ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на МАН.
Монструозните методи со кои СДСМ се служи за да ги замолчи медиумите скривајќи се зад превезот на слобода на медиумите не донесоа слобода на медиумите, туку лоши оценки за слобода на медиумите.
Последниве три години СДСМ се изживува врз медиумите, така што се тепаат новинари, се демолираат редакции, се упатуваат јавни закани кон уредници, новинарите секојдневно се соочуваат со тужби од политичари.
Од пред една година во овие методи на СДСМ инструмент стана СЈО и тоа веќе е нескриено. Штом СДСМ ќе ги посочи и ќе ги објави политичките противници, СЈО веднаш настапува со напад врз нив.
Сега кога СДСМ се обидува да формира влада без мандат, притисоците од СДСМ и СЈО врз медиумите и новинарите кои не се под нивна контрола – кулминира.
СЈО во исто време прави упад во сите медиуми и редакции на медиуми кои се критички настроени кон СДСМ.
Кривичниот совет на Основниот суд 1 Скопје определува притвор за сопственик на медиум по барање на СЈО.
МАН го осудува ваквото однесување на СДСМ и нивните соработници од СЈО и уште еднаш ја потсетува јавноста на нивните дела.