„Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осудува вчерашниот физички напад врз новинарот на телевизија 24, Христијан Баневски.
„Државата е одговорна за преземање на сите активни мерки за создавање и одржување поволна средина за слободата на изразување, а таквата обврска е и во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права. Комитетот на министри на Советот на Европа, исто така, препорачува да се заштити новинарството и безбедноста на новинарите и другите медиумски актери“, се вели во соопштението на СЕММ.