3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Падна ЦСКА во Белград: Црвена Звезда „убиец“ на фаворити

Во пеколот во белградска „Арена“ не преживуваат фаворитите во Евролигата. Црвена Звезда на свој терен откако претходно ги совлада Барселона, Макаби и Реал Мадрид вечерва и одржа кошаркарска лекција на ЦСКА Москва совладувајќи ја со 78-67 (27-14, 21-20, 16-22, 14-11).

За актуелниот шампион на Евролигата ова е трет пораз во досегашниот тек на сезоната, но втор во низа. Ниту Нандо де Коло, кој се врати по едномесечна пауза поради повреда, ниту Милош Теодосиќ, кој отсуствуваше поради хроничен умор, не можеа да му помогнат на индиспонираниот руски првак.

Уште од стартот на натпреварот, „црвено-белите“ наметнаа свој агресивен ритам на игра, проследен со 11 поени додека противникот сè уште немаше постигнато ниту еден. Кузмиќ ги блокираше очајните обиди на противникот за реализација и по првите десет минути, Звезда имаше огромни 13 поени предност. Во вториот период, само Воронцевич беше расположен за игра и успеа да намали на минус шест (38-32), но го одржа поради почетничките грешки на неговите соиграчи. На полувремето разликата одново стана двоцифрена (48-34). Третиот период беше реприза на вториот, Хајнс и Џексон се разиграа за ново намалување (62-56). Дури 32 минути му беа потребни на Нандо де Коло да ги постигне своите први поени што кажува за лошото шутерско расположение на шампионот. Во наредните три минути, ЦСКА брзо го исполни бонусот, многу отворени шутеви останаа без реализација што и овозможи на Звезда да го зачува водството сè до крајот.

Кузмиќ со 16 поени беше најефикасен кај Звезда, два помалку уфрли Симоновиќ, двоцифрен беше уште и Џенкинс со 11 поени. Кај ЦСКА Москва тоа беа Воронцевич со 21 поен и Џексон со 10 поени.

поврзани објави

Последни објави