Предметот воопшто не беше доставен во законскиот рок до апелациониот суд кој што е преклузивен и со ништо не се менува.
„Не постапува соодветно кривичниот совет и се работи за грубо прекршување од страна на кривичниот совет“, рече Никола Додевски, адвокатот на Сеад Кочан.
На прашање каде е Кочан и кога ќе се врати со оглед на тоа дека е на службено патување, Додевски рече дека е тотално ирелевантно каде е г. Кочан, бидејќи тој си ги обавува своите обврски како слободен граѓанин, одлуката е незаконска.
„Правно е невалидно решението за притвор, правниците кои викаат дека може да се пролонгираат роковите за одлучување не го знаат правото. Побаравме советот да го стави вон сила решението“, рече Додевски.