Едно лице е пренесено на Ургентен по инцидентот што се случил во неговиот дом.
Вчера во 18.40 часот во Скопје, на ул. „376“, во дворот од куќата сопственост на А.А. (52), насилно влегол А.Џ. (37) и со секира ги нападнал сопственикот, неговите ќерки С.А.(21) и А.А. (30) и неговата сопруга Х. Б. (50).
Од ударите со повреди се здобил А.А. и моментално се наоѓа во Ургентен центар Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.