Судскиот совет во текот на денешниот ден го избра Јово Вангеловски за претседател на Врховниот суд. Вангеловски беше претседател пред четири години и по првиот мандат не се кандидираше за продолжување.
Покрај Вангеловски, како кандидати за функцијата претседател на Врховен суд беа и поранешната претседателка Лидија Неделкова, в.д. претседателката Снежана Бајлозова и судијката Беса Адеми.
Како претседател на Основниот суд Скопје 1 е назначен судијата Стојанче Рибарев.