Речиси 7.700 луѓе, меѓу кои најмалку 1.546 деца, загинале во војната во Јемен, откако пред две години започна интервенцијата на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија.
Од март 2015 година до 10 март 2017 година во Јемен загинале најмалку 1.546 деца, а 2.450 останале инвалиди, соопшти УНИЦЕФ. Меѓу нив се 1.022 машки, 478 девојчиња и 46 деца кај кои не можел да се утврди полот.
Во истиот период, 1.801 машки и 649 девојчиња останале инвалиди, наведува УНИЦЕФ, при тоа напомнува дека 1.572 деца учествувале во борбите како војници.
УНИЦЕФ во истиот период забележал 212 напади врз училишта и 95 врз болници.
Конфликтот се заостри кога во март 2015 година арапската воена коалиција под саудиска команда интервенираше за да им помогне на претседателските сили во судирот со бунтовниците кои во 2014 година ја зазедоа престолнината Сана.