fbpx
8.8 C
Skopje

Саудиска Арабија ќе депортира пет милиони имигранти

АКТУЕЛНО

Консултативниот совет на Саудиска Арабија припрема програма за депортирање на пет милиони илегални мигранти што изнесува околу 20 проценти од жителите на ова богата нафетан земја.

Како што пренесува „Спутник“, властите стравуваат дека имигрантите ќе сакат да бидат натурализирани и ќе бараат државјанство.

Имигрантите започнале да доаѓаат во Саудиска Арабија во текот на 1970 година за време на нафтената експанзија. Со обзир дека во овие крајеви жените немаат право да возат, мигрантите во овие краишта во главно работеле како возачи, утоварувачи, бебиситерки и физички работници.

Властите истотака се загрижени и поради радикалниот ислам. Илегален пакистански мигрант Абдул Гулзир Кан се разнесе сред амриканскиот конзулат во Џеда во 2016 година, а неколку негови сонароднци се уапсени поради сомневање дека се поврзани со Талибанците.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -