3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ахмети смета дека не треба да се свикува Собранието без претходен договор меѓу партиите

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за косовската РТВ21 изјави дека не треба да се свика седница на собранието без претходен договор меѓу партиите.

„Без вистински договор меѓу страните кои се претставници на мнозинските заедници, СДСМ, ВМРО, ДУИ и останатите партии ние не можеме да правиме експерименти како во театар, да одиме во собрание без претходен договор. Да не одиме во собранието за да се видиме еден со друг и да си размениме неколку пцовки и навреди туку да одржиме седница каде ќе се избере комисија за назначување и да се избере претседателот на Парламентот“, изјави Али Ахмети за РТВ21.

поврзани објави

Последни објави