Ракометарот на Вардар и актуелен македонски репрезентативец, Столе Стоилов го искористи краткиот одмор и веднаш тоа го искористи за романтично патување со својата девојка.
Деновиве пикерот заедно со својата сакана Катерина ја посетија Венеција, еден од најубавите италијански градови, воедно познат и како „град на каналите“.
Сето тоа беше овековечено со фотографија, каде и двајцата позираа со смешни фаци. Сето тоа би требало да се одрази и позитивно врз формата на играчот, кој допрва со Вардар го очекуваат вистински искушенија.