СДСМ преку соопштение уште еднаш истакнува дека програмата на новата Влада е единствен документ кој што е во интерес на граѓаните на Република Македонија и ја гарантира унитарноста на
„За Никола Груевски следува период на соочување со документите и аргументите што го докажуваат грабежот и криминалот на неговото владеење и уништувањето на Македонија.
Ефектите од неговите документи 10 години го уништуваат животот на луѓето и го блокираат развојот на Македонија.
Над 700.000 граѓани очекуваат што побрзо да се избере новата Влада која што ќе обезбеди правда за сите, квалитетен живот за сите и заедништво. За тоа гласаа на изборите и затоа застанаа со 67 пратенички мандати зад претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Никола Груевски мора да ја прифати реалноста дека тој повеќе не е фактор на одлучување туку се граѓаните. Тој може да се подготви единствено за опозиција и за соочување со одговорноста.
Македонија мора да оди напред. Ќе има продолжение на конститутивната седница на Собранието, нов претседател на Собранието, мандат за составување Влада и нова реформска Влада. Така избраа граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.