6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Петровски: Нема да дозволам никој да ми го забрани правото на политички став и слобода на говор

Директорот на државниот архив на Македонија, Филип Петровски денеска беше повикан во Јавното обвинителство по пријава од Уранија Пировска. Според него, ова што денеска се случи е брука од невидени размери и покажува спрега на невладините организации финансирани од странство, претежно од Сорос, но и од други држави кои што се користат како алатка да се супресира, да се потисне слободата на јавно изразување

Денеска бев повикан во Јавното обвинителство по пријава од Уранија Пировска од непостоечкиот Хелсиншки комитет да објаснувам за еден најобичен твит објавен на социјалната мрежа твитер. Сакам да посочам дека имам објавено 31 илјада твитови и со политика се занимавам 25 години и никогаш помеѓу истомисленик или објект не настанала штета. Само сум изразувал политички ставови и тоа ќе продолжам да го правам и во иднина и нема да дозволам никој да ми го забрани правото на политички став и слобода на говор и мислење кои се загарантирани со уставот“, изјави Петровски.

Тој вели дека за да биде поголема небулозата и дека  таа тоа го направила во спрега со Оливер Спасовски кој што беше министер за внатрешни работи од СДСМ што на него му укажало дека  тие двајца биле многу добро организирани и тие двајца ги искористиле сите алатки кои што им се на располагање за да направат една состојба на замолчување на неистомислениците и да предизвикаат состојба на страв доколку другите имаат поинакво мислење од нив.

„Јас имам објавено повеќе од 31 илјада твитови и тоа претежно се политички ставови, јас сум тврд десничар, конзервативец, анти ЛГБТ, анти либерал и анти вредности кои што тие сакаат да ги наметнат во општеството“, рече Петровски.

Тој е обвинет за фотографија која ја објавил со патриотското здружение „Ќосев“ во Прилеп на митинг на ВМРО-ДПМНЕ, поради што, според обвинувањата предизвикал општа омраза, говор на омраза, како и расна, верска нетрпеливост. Протокот на времето е повеќе од четири месеци, а Петровски денеска пред Јавното обвинителство рече дека целосно го отфрла како небулозно.

поврзани објави

Последни објави