16.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024
Платено политичко рекламирање

Студената вода ги отстранува микробите со ист ефект како и топлата

Американските научници тврдат дека ја побиле теоријата дека миењето на рацете со топла вода убива повеќе микроби отколку да ги миете со ладна вода.

Научниците од Универзитетот Рутгерс во Њу Брансвик сакале да ја проверат точноста на популарното мислење за предностите на топлата, т.е. на жешката вода при миењето на рацете.

Истражувањето спроведено меѓу 20 испитаници кои 20 пати ги миеле рацете со вода на температура од 15, 26 и 38 степени Целзијусови, со поголема или помала количина на сапун, а пред експериментот, нивните раце биле прекриени со безопасни микроби.

Резултатите покажале дека не постои разлика во количината на отстранетите микроби со оглед на температурата на водата или количината на сапунот.

Тоа што истражувачите го потенцираат како важно е тоа дека рацете треба да се мијат најмалку 20 секунди притоа со сапун да се покрие целата површина на рацете.

Резултатот од оваа студија ќе помогне во намалувањето на износот на сметките за струја во рестораните, бидејќи не ќе мораат да трошат електрична енергија за топлење на водата.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави