10.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024
Платено политичко рекламирање

Божидар Димитров најави идно враќање во политиката со движење што може да стане партија

Поранешниот директор на Бугарскиот историски музеј, Божидар Димитров најави создавање на професорско политичко движење што може да прерасне и во партија.

“Пред една година основавме движење „Бојански клуб“ на универзитетски професори и професори од Бугарската Академија на Науките (БАН), што требаше да лобира за донесување на закони поврзани со културно-историското наследство, но најдовме на некои потешкотии. Затоа си велам, дали да не ја ревитализираме  традицијата од 1935-1943 г . на т. нар. професорски влади, а за да се случи тоа, треба да се учествува во политиката “, изјави Димитров.

По негови зборови во споменатите влади учествувале не само професори, но луѓе кои знаеле најдобро што треба да се направи, биле добри менаџери и биле докажани професионалци.

“Ќе направиме политичко движење, за да видиме колку „тежиме“ во очите на гласачите. Потоа може движењето да се трансформира во политичка партија”, рече Димитров.

Во одговор на прашањето дали тоа значи дека се враќа во политиката, откако накратко беше министер без ресор во првиот кабинет “Борисов”, тој одговори негативно, но подвлече дека ако движењето се покаже како успешен проект, тоа може да прерасне во партија .

Божидар Димитров, исто така објасни дека и сега професорскиот клуб давал совети на владејачките партии, а некои од неговите членови дури сами учествувале на еден или на друг начин во власта.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави