10.8 C
Skopje
понеделник, октомври 27, 2025
spot_img

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд – температури до 16 степени!

spot_img

Времето денес во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи и дожд. Утринската температура од еден до седум, а дневната од 12 до 16 степени. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови во државата.

Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец.Температурата ќе достигне до 15 степени.

До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Утре повеќе врнежи ќе има во западните делови (локално 20л/2), а во среда во западните и јужните каде на повеќе места се очекува да наврнат околу 20л/м2, а локално и над 30 л/м2. Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат.

поврзани објави

         

Последни објави