33 C
Skopje

Џамбаски за „Поглед“: Патот на Македонија е кон полноправно членство во ЕУ

АКТУЕЛНО

Јанчев со амбиција да го преземе ВМРО-ДПМНЕ- како што вели најмоќната партија во Северна Македонија

Градоначалникот на Кавадарци од редовите на ВМРО- ДПМНЕ и поранешен потпретседател на партијата, Митко Јанчев, во интервју за „Фокус“ ги открива своите идни планови...

139 нови случаи на ковид 19, оздравени се 534 пациенти, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1377 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-36, Куманово-11,...

ОН загрижени поради расизмот и дискриминацијата на Ромите

Специјалниот ополномоштеник на ОН за малцинства предупредува на засилена дискриминација на Ромите во светот во време на корона. Освен тоа, постои и омраза кон...

Колумна за „Поглед“ на бугарскиот европратеник и потпретседател на ВМРО БНД, Ангел Џамбаски.

Пред браќата ни крај Вардар претстои важен избор. Треба да изберат дали да ја преминат границата и да патуваат слободно од Охрид до Црно море и целиот останат 500 милионен Европски сојуз, или да останат во темниот агол на историјата, потиснати од српски турбофолк, шајкачи, кодоши и коминтерновски чизми.

Овој текст нема никаква историска претензија, историјата на регионот одамна е јасна на секого, кој се потпира на фактите.

„Би трябвало да се казва не Македония, а Мъкидония.“

Ова го кажал познатиот Охридски преродбеник Кузман Шапкарев за најромантичниот регион на бугарското земјиште. Многумина од вас можеби го знаат овој цитат и од ликот на Руси Чанев во „Мерка според мерка“ од Дилбер Танас. Македонија, затоа што оваа земја ја обележа нашата национална свест. Таа била двигателот за националното обединување. Борбата за ослободување на Македонија го воодушевила умот на многу бугари во последните 100 години. Јас не сум исклучок.

Во Македонија во изминатиот период имаше референдум за промена на уставното име на државата. Морам тука да кажам дека за нас бугарите, Македонија никогаш нема да биде ниту долна, ниту горна, ниту северна, ниту јужна, туку таа си останува една и братска.

Толкувањата и интерпретациите во однос на ова прашање во македонскиот медиумски простор се различни. Заштитниците на референдумот, на чело со лидерите на управувачката владина коалиција, го претставија како референдум за иднината на државата. Дали да тргнеме по патот на евроатланската интеграција, или не. Противниците на референдумот повикаа тој да биде бојкотиран, со цел да се поткопа легитимноста во самата консултација со луѓето. Има и трета позиција, таа на ДПМНЕ – партијата која го забави развојот на Република Македонија со десетлетие. Нивната позиција е да немаат позиција. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на пресконференција изјави “граѓаните да го направат тоа што им го зборува нивната совест“. Таквата позиција може да се квалификува само како низок обид за политичко миење на рацете.

Да ги разгледаме фактите. Уште од прогласувањето на Република Македонија за независна држава во 1991. година Грција не го прифаќа името, оправдувајќи се со присуството на регион на нејзина територија со исто име. Тврдењата на Грција се лишени од смисол и поради тоа нема да ги коментирам. Факт е дека политиката на Атина е решена да го блокира членството на Македонија со тоа име во сите меѓународни организации. Така, во 1995 г. се потпишува „времената спогодба“, со кое се утврдува името кое Република Македонија треба да го користи при влез или учество во различни меѓународни организации. Ова име е споменато во вториот став од Резолуцијата 817 на Совет за безбедност на ООН како – Поранешна југословенска Република Македонија.

Да бидеме искрени – грците во тој спор не ни се пријатели. Тие ги штитат своите интереси кои се сосема спротивни на нашите. Да потсетиме, Грција е окупатор. Да потсетам и на каков јазик се збори во Костур, Лерин, Воден и така натаму, во т.н. „Бугарски триаголник “и зошто селото Шестево (од каде потекнува Љубка Рондова, чија куќа се уште стои) се уште се нарекува „Мала Софија“.

Поминаа 23 години од тогаш и нема развој. И ако владите до 2006 година (и покрај нивните недостатоци) се обидоа да се вклучат во конструктивен дијалог и да бараат развој за својата земја, со доаѓањето на Никола Груевски, целиот напредок беше уништен. Земјата стана плутократија каде владее корупцијата, партијата (ДПМНЕ) и државата се споија во едно. Пред 2006 година, се очекуваше Македонија да биде една од првите земјите од Западен Балкан да започнат преговори за членство во ЕУ.

Груевски се фокусираше на „антиквизацијата“. Мобилизираше неписмена и немилосрдна хунта од псевдо-историчари, неписмени, измамници и српски кодоши, како еден небањат телевизиски дворски шут, кој крена рака на бугарски споменици, далечни роднини на Халљо, Галљо и Данко Харсзинот, кои за кратко време ги преработиле македонските искривени учебници. Исус стана македонец и заплива во Охридското езеро, за да го повика својот народ (!?), а Александар Велики и коњот му станаа поважни од Гоце Делчев и Јане Сандански. Бугарите, се разбира, понекогаш бевме фашисти, но секогаш татари.

По 10 години застој и скандалозни проекти – како „Скопје 2014“ во кој беа украдени стотици милиони евра, македонските граѓани решија да кажат стоп. Тоа доведе и до кризата во 2015-2016 година кога Груевски конечно си даде оставка по секојдневните протести.

Новата владина коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, на чело со Зоран Заев, го започна мандатот со ударни реформи. Процесот на антиквизација беше запрен, а премиерот се зафати да спроведе редица реформи во системот. Најважно за нас, бугарите, беше неговата желба да потпише Договор за пријателство со Бугарија. Заслугата за тоа лежи во целост на бугарскиот народ. Нема да е нескромно, ако кажам дека и ВМРО има своја заслуга, бидејќи Македонија е нашата вечна и историска кауза. Овој договор ја отвори вратата на Македонија во ЕУ. Уште еднаш во историската судбина на независна Република Македонија, Бугарија беше таа, која прва подаде рака на својот братски народ.

Без сомнение, овој договор, како и бугарското претседателство со Советот на ЕУ кое го постави Западниот Балкан на преден план, донесе и до засилување на преговорите меѓу Скопје и Атина за името. На 12. јуни 2018 година се стигна и до Преспанскиот договор, кој доведува до промена на името на Р. Македонија. Компромисот до кој се стигна е Република Северна Македонија.

Формулацијата на прашањето на референдумот кој се одржа во Македонија беше навистина интересна. Таа гласеше: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Заев умешно успеа да ја избегне промената на името како основен акцент во прашањето. И колку и да не сакам да признаам, во право е. Секој застој на процесот на интеграција на Македонија во структурите на ЕУ и НАТО е прв и основен проблем за самата држава.

Македонија загуби многу време во застој. ДПМНЕ често сакаат да си се нарекуваат „бранители на идентитетот“ иако самите забораваат дека тие го избришаа македонскиот идентитет. Антички статуи, самопрогласувањето како наследници на Александар, дочекот на пакистански муслимански племиња хунзи (кои исто така се наследници на античкиот македонски владетел) претставуваа еден вид бришење односно самонегирање на македонскиот идентитет. Тие беа продолжение на половинавековната српска политика на антибугарското во регионот. Тие ги направија македонците смешни во очите на останатиот свет и го навредија секој чесен човек од Македонија.

И овие процеси, во пресрет на настаните во Босна и Косово и барањата на Еди Рама, претставуваат по опасна иднина за перспективата на регионот.

Сепак, албанските општини се веќе подготвени за спроведување на локални референдуми кои би се одржале веднаш, доколку обидот за европеизација на Македонија биде неуспешен. А тоа е првиот чекор кон кантонизација и распад. Се надевам дека деновите на антикивизацијата и антибугаризмот се во минатото. Факт е, дека потенцијалното членство на Македонија во ЕУ ќе донесе позитивни резултати за целиот регион.

Коридорот број 8 треба да биде национален приоритет. Со самото паѓање на границите ќе резултира со обединување на двата клона на еден братски народ. Кога луѓето од двете држави на границата ќе видат, дека не постојат пречки, ќе почнат да патуваат, да работат, и најважно – да не се плашат. Груевски ја искористи економска завиност на голем дел од граѓаните на Р. Македонија во своја полза. Зголемувањето на приходите и двостраните инвестиции ќе ја елиминираат оваа алатка на србоманите.

Најважното, за кое треба да размислиме е кој има интерес, од тоа да Македонија не влезе во ЕУ. Одговорот е повеќе од јасен. Шумадиските кодоши и коминтерновските им господари кои го гледаат Западен Балкан како своја сфера на интерес, врз која не сакаат да изгубат влијание. Тоа значи дека работат и против Македонија и Бугарија. Ние треба да се спротиставиме на секој обид двата народи да бидат разделени и раскарани.

Граѓаните на Република Македонија треба да се спротистават на секој еден обид државата да им биде вратена 30 години назад во својот развој. Ако Македонија ја испушти оваа шанса, таа ќе го пропушти следното проширување на ЕУ предвидено за 2025 г. (најкасно). Уште едно поколение ќе ги загуби шансите за достоинствен живот и слобода на самоопределувањето.

Македонија заслужува да биде дел од ЕУ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Поради Ковид-19 вработените на овие компани ќе работат од дома до 2021 година

Додека коронавирусот се шири низ светот, компаниите се помируваат со состојбата и реалноста кога е во прашање работата и многу од нив ги ревидираат...

Сулејман Величествениот сака да ја купи луксузната вила на пејачот Бојановиќ – дoбил вакoв одговор (Фото)

Вилата на Милош Бојаниќ на Црногорското приморје секогаш била атрактивна за многу домашни но и странски купувачи кои на пејачот му нуделе милиони. Од...
- Advertisement -