Денес во 12 часот се очекува да продолжи координативната средба помеѓу партиите кои имаат мандат во собранието, со цел да се формира Комисија за избори и именувања.
На синоќешната средба било договорено Комисијата која брои 13 членови да биде составена од 6 членови на ВМРО-ДПМНЕ, 5 од СДСМ, додека ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.
Целата постапка закочила откако од ВМРО-ДПМНЕ побарале и претседателот на Комисијата да биде од нивната партија, што според Спасовски од СДСМ не е возможно, затоа што во досегашната практика, мнозинство било на чело на оваа комисија, но тоа мнозинство во моментов ВМРО-ДПМНЕ го нема.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ пак, Илија Димовски потенцираше дека секогаш најголемата пратеничка група била на чело на Комисијата, а од СДСМ сакаат да го нарушат деловникот.