10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Стефковски: Доведена во прашање е мојата лична безбедност

Изминатиот период до мене се упатуваа директни и индиректни закани по мојот живот и безбедноста на моето семејство. Од 11.09.2023 година, слободно можам да кажам дека доведена во прашање е мојата лична безбедност.

Сето ова доаѓа како последица на реализацијата на акцијата која општина Гази Баба ја спроведе со асистенција од Министерството за внатрешни работи за рушење на дивоградба изградена на државно земјиште во населеното место Инџиково, локација за која во завршна фаза е урбанистичко – планската документација со која на тоа земјиште се предвидува изградба на детска градинка за жителите на Инџиково.

За време на водењето на постапката, лицето кое ја градеше дивоградбата директно преку инспекциските служби, но и индиректно преку луѓе до мене упатуваше закани по живот.
Вчера наутро по моето пристигнување во просториите на општината од страна на службите бев известен дека е забележано присуство на лицето кое го градеше објектот пред капијата на општина Гази Баба, а во дворот непосредно до влезот во бараките на општината во близина на моето приватно возило се забележани двете лица со кои лицето кое го градеше објектот доаѓало на неколку пати во општината и во чие присуство ги упатувало заканите кон мене и вработените во инспекциските служби. Нивното присуство во општината траеше подолго време, што беше очигледно дека го очекуваат моето излегување.

Во текот на вчерашниот ден доставив пријава до надлежните институции заедно со фото – документација од целиот случај и што очекувам соодветна реакција од нивна страна.
Сакам јасно и недвосмислено да ставам до знаење дека не се плашам, ниту пак сето ова ќе ме поколеба во определбата да се спроведуваат и почитуваат законите, како и да се служи на граѓаните.

Од првиот ден кога Вие граѓаните ми ја дадовте довербата да бидам градоначалник, кажав дека ќе им служам единствено на граѓаните на општина Гази Баба и дека компромис со почитување на Законот нема да правам.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави