13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Еден од најактивните пратеници на ВМРО со поддршка за Мицкоски во однос на изјавата за Груевски: Претседателот доволно објасни!

Изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски за германскиот весник Франфуртер Алгемајне Цајтунг, дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со Владата, и дека имаат „валкани дилови“ произлегува од секојдневните случувања, вели Миле Лефков пратеник од ВМРО ДПМНЕ во вечерашната Топ Тема.

Лефков смета дека интервјуто на Мицкоски доволно објаснува, најмногу поради измените на Кривичниот законик кои се изгласаа во Собранието.

Имаме и други сознанија за средба кај Стево Пендаровски на државниот врв, кај што се сретнале Груби, Османи, Ковачевски…и други претставници на власта каде се договарале измените на КЗ. оОстанува симптоматично како сето тоа беше претставно во Собранието дека е усогласување со европските закони, вели Лефков.

поврзани објави

Последни објави