5.2 C
Skopje
Wednesday, November 29, 2023

Мицкоски за Груевски: Човекот што зборуваше за нож во грб стана токму тоа за својата партија

Мицкоски за Груевски: Човекот што зборуваше за нож во грб стана токму тоа за својата партија.

Мене како човек ми е предизвик да се борам против оваа власт и да бидам рамо до рамо со мојот народ во битката да ги смениме, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно ниту сеедно да ги примам ударите внатре, од луѓето со кои сум мислел дека делиме иста кауза, рече Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на годишната конференција на Унијата на млади сили на партијата / ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, продолжи со критиките кон својот претходник Никола Груевски и во денешното обраќање на годишна конференција на Унијата на млади сили на партијата која се одржа во Велес.

„Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова е битка која ја одбрав јас, но недвојбено никој не треба да ја тестира мојата определба да се опстои на нашите ставови дека прифаќање на диктати не доаѓаат во предвид по ниту една цена. Ниту пак дека тоа може да помине низ мала врата или било каква комбинација“,

рече Мицкоски.
Мицкоски, говорејќи за битката на ВМРО-ДПМНЕ против оваа власт, рече дека е разочаран од однесувањето на оние со кои мислел дека делат иста кауза.

„Мене како човек ми е предизвик да се борам против оваа власт и да бидам рамо до рамо со мојот народ во битката да ги смениме, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно, ниту сеедно да ги примам ударите внатре, од луѓето со кои сум мислел дека делиме иста кауза. Не можам никако да разберам како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија. Да дели уесбеа и писма по кабинетите на ДУИ, да има непринципиелни разговори“,

рече Мицкоски.
Велејќи дека ја разбира неговата тешка состојба (мислејќи на Никола Груевски), Мицкоски рече „чудно е тоа проклетство на историјата, човекот кој зборуваше за нож во грб и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија“.

„Мене не ми беше цел да влезам во конфликт и јавна преписка со него, но овој валкан план мораше да го знае јавноста. И ова е вистински последниот пат кога се осврнувам на оваа тема и нема повеќе да говорам за ова зошто имаме работа, а тоа е пад на оваа криминална Влада. Јас му посакувам добро здравје, добра среќа и да не го прави на другите тоа што нему не сака да му го прават. Имаме работа, нашиот противник е оваа криминална Влада на чело со СДСМ и ДУИ“,

додаде Мицкоски во обраќањето.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -