Акцијата „Час на планетата Земја“ вклучува околу 7.000 градови, а Македонија учество ќе земе преку Скопје и Охрид, каде во периодот од 20:30 до 21:30 часот е предвиден мрак.
Во Охрид светлото ќе биде исклучено на црквата „Свети Јован Канео“ и „Самуиловата тврдина“, додека во Скопје во тој период во мрак ќе биде плоштадот Македонија и спомениците, објектите на МНТ, тврдината Кале, црквата „Свети Јован Канео“ и „Самуиловата тврдина“.
Акцијата ја подржуваат околу милион луѓе ширум светот кои симболично ќе ја изгасат струјата во своите домови еден час за спас на планетата земја.