13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – еве какво време не очекува! Попладне во делови од земјата ќе врне

Времето денеска во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

поврзани објави

Последни објави