13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Сите се молат да се врати на музичката сцена, а сега се ОГЛАСИ и тој: Врчак – ќе има нови ПЕСНИ, Ламбе е предобро момче!

Пред неколку дена Ламбе Алабаковски објави видео како го пее хитот „Спасете ме другари“ со музичарот Раде Врчаковски- Врчак. Социјалните мрежи, како и медиумите беа преплавени со коментари за „камбекот“ на Врчак, а сега познатиот музичар се огласи по тој повод и најави многу нови песни со познати пејачи од македонската естрада.

„BРЧАК И ЛАМБЕ на приватна прослава : ))))))) Преку 500 000 гледаност имало на видеата за неколку дена (Ламбе среќен неможе да престане да се чуди), а се испонапишале новинари за таа вечер (души мили) без јас нешто да изјавам…. Да знаат сите дека таа вечер на инсистирања на другари и другарки сосема случајно и непланирано јас излегов една-две песни да испеам на приватна прославава кај мој многу добар другар (не се работи за никаков мој камбек како што излегло од новинари), а на среќа на сите обожаватели и обожавателки кој секој ден ме молат нови песни да правам – ЌЕ ИМА НОВИ ПЕСНИ! : ))))))) Снимивме одлични нови со ДНК, со Антониа Ѓигова, со Барбара Попович ќе снимаме исто, има и други соработки, а и Лабме утредента по прославата во Охрид ме замоли да снимаме песна ((му велам ако не пали веќе огнови може и Ламбе се согласи (и ќе снимаме песна и со Ламбе)).

Ламбе е предобро предобро момче, се чудев кога ми кажаа дека историско патриотски мотивирана беља направил. Да не прави никој бељи, минатото е минтото, ние не живееме во минатото, животот кој го живееме е речиси бесконечна љубов секој ден и на тоа треба да се фокусира човек, а секој проблем може да се реши со љубов. Да се грижиме сите за иднина полна со љубов меѓу народите, иднина без робства на планетата земја (да не се прават робства и злоупотреби на животичиња – дури и за исхрана медицински се препорачува сите дневни нутрициони потреби на телата да се исполнуваат преку растителен начин на исхрана, а растелна храна генерално има насекаде и во лето и во зима).

Да се грижиме сите и за намалување на глобалното затоплување, да се пешачи повеќе место да се возат коли на гориво, пешачењето е есенциално и пребитно и прездраво за телата (јас се ова си практикувам и се чустувам одлично) – а истото и Светската Здравствена Организација го препорачува.“

поврзани објави

Последни објави