13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ДАЛИ ОВАА СНИМКА РАЗЈАСНУВА СÈ? Израел објави видео-доказ дека не ја нападнале болницата

Видеото го објави израелската телевизија, но неговата автентичност никој не може да ja потврди.

Израелска телевизија објави нова снимка, за која тврди дека е доказ дека болницата била погодена од ракета истрелана од Газа.

Видеото, наводно го прикажува моментот во кој може да се види како се истрелани повеќе проектили недалеку од болницата во Газа неколку секунди пред проектилот да ја погоди болницата, пишува Дејли мејл.

Новото видео е објавено еден ден откако израелската војска објави видео и анализа за која тврдат дека е доказ дека Израел не е одговорен за трагедијата во болницата Ал Ахли.

На снимката, која се чини дека е снимена во живо и објавена од израелскиот канал 12 вести, се гледаат лансирани повеќе ракети моменти пред експлозијата да ја потресе болницата.

Станицата тврди дека видеото со временски печат е „доказ“ дека ракетата била истрелана во Палестина, и дека имало проблем за време на летот, па ракетата паднала.

„Ова е доказ за тврдењата на Израел дека тоа се всушност ракети од Појасот Газа истрелани во насока на болницата Ал-Ахли во градот Газа“, рече водителот Јонит Леви.

Телеграф не можеше самостојно да го потврди потеклото или времето на снимката што ја емитуваше израелската телевизија.

Да потсетиме дека Израел негираше дека истрелал ракета што погодила болница во Појасот Газа и го обвини Исламскиот џихад дека стои зад нападот, што милитантната група категорично го негираше.

Видеото може да го погледнете тука.

поврзани објави

Последни објави