30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Црквата Св.Петка во делчевското село Селник една од најстарите во Пијанец: За многу години празникот!

Црквата Св.Петка во делчевското село Селник една од најстарите во Пијанец

Најмасовен е собирот во делчевското село Селник каде голем број верници се собираат пред црквата Св.Петка.

Сместена на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник, црквата ,,Св.Петка” е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура.

-Точни податоци за изградбата на црквата не се достапни, но според трите слоја на фрескоживописот, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, се претпоставува дека истата била изградена некаде во XIV век. Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“. Во 2001 година, црквата била реконструирана, а во дворот биле изградени помошни објекти, велат од црковиот одбор.

Градбата на црквата како што се вели во самиот опис на таблата во близина на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочки.

-Градена е од кршен камен и вар. Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка. Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626). Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски. Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски, се вели во историјатот за самата црква

поврзани објави

Последни објави