Без да навлегуваме во причините зошто во емисијата “Тешки муабети” со денови и месеци се зборува отворено против Христијан Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ и дали наводно е тоа поради одредени очекувања на сопствениците и уредниците на истиот портал кои биле одбиени од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, не можеме а да не ги поставиме следниве дилеми
1. Дали е точно дека Александар Митовски имал одредени финансиски очекувања и придобивки од раководството на ВМРО-ДПМНЕ по победата на партијата на локалните избори, за кои бил одбиен поради што денеска жестоко настапува против истите? Дали е вистина и дали чаршиските муабети дека еден од уредниците на Инфомакс има сериозно дело во “фиока” со кое е уценет од структури во МВР да молчи односно да не ја критикува власта?
2. Се поставува и прашањето: Како во портал демократски и про-опозициски каков што се прикажува Инфомакс нема ниту збор за работата на МВР и власта во Македонија?
3. Дали има вистина во муабети кои кружат по градот Скопје дека една од фирмите на сопруга на еден од уредниците на Инфомакс добила огромна сума на пари од Град Скопје под раководство на Данела Арсовска односно повеќе од 200 илјади евра за одредени проекти само во текот на 2022 година?