21.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024
Платено политичко рекламирање

ВМРО-ДПМНЕ: Заради „Миликије-кадровски политики“ на СДС и Ковачевски пропаѓа системот, институциите и државата, а младите се селат

Именувањето на Миликије Халими за нов директор на АД Аеродроми спаѓа во рубриката верувале или не. Поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС после мандатот ја именуваа за инспектор во Царинска управа со средно школо, а сега догура до позиција директор на Аеродроми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со што Миликије ја заслужи оваа позиција? Кои се нејзините квалитети, токму таа да биде избрана? Дали има соодветни вештини, знаење или искуство? Да бидат срамот и дното поголеми, Миликије Халими уште им се заблагодарува на СДС за кадровскиот избор кој го направиле и нејзе ја именувале на оваа позиција.

Ова е срам за СДС, за владата, но најстрашно од се е срам за Македонија. Човек со средно медицинско образование ќе одлучува за аеродромските услуги во Македонија.

Ова е кадровската политика на СДС, целосно некомпетентни кадри да ги стави на одговорни позиции, како да се работи за шега, а не за раководење на државни институции. Всушност заради ваков тип на „Миликије- кадровски политики“ пропаѓа системот, институциите и државата, а младите и компетентните се селат.

Ковачевски да одговори како Миликије е избрана? Тој е директно одговорен како формален претседател на СДС за кадровскиот избор, додаваат од партијата

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави