21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Власта соочена со својот КРАЈ брза да ги заврши криминалните таканаречени стратешки инвестиции по секоја цена!

Министерството за земјоделство во Македонија предложи измени на Законот за земјоделско земјиште, со кои се овозможува изградба на фотоволтаични централи и ветерници на најплодните земјоделски површини во земјата. Оваа нова легислатива има за цел да привлече големи странски стратешки инвеститори за развој на енергетски капацитети на високопродуктивни земјоделски површини од прва, втора, трета и четврта класа.

Земјоделските здруженија се против узурпација на плодната почва наменета за производство на храна.

– Не поддржуваме предлог со кој плодно земјиште ќе се пренамени во градежно, посебно од прва до четврта категорија. Прво е жално тоа земјиште да остане необработено, а да увезуваме храна.

Второ нашата земјоделска политика се темели на зголемување на производството на храна. Овие категории на земјиште се најплодни и на нив многу лесно може да се добијат повисоки приходи на културите кои се одгледуваат со пониски трошоци за ѓубрива – вели Петре Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Професорот Ристо Цицонков вели дека ваквиот предлог на владата е нелогичен од повеќе причини.

– Прво зошто да се зема плодна почва за енергетски капацитети кога знаеме дека 70% од површините во земјава е планински предел, а 30 отсто низини на кои само дел е плодна почва. Второ, стратешките инвеститори во енергетиката главно се странски, тие даваат минимални суми за закуп на земјиштето, а потоа произведената струја ја извезуваат или ако ја продаваат во земјата, ја продаваат за пазарна цена. Тогаш, каква корист има државата од ова? Или, се најавува изградба на фотоволтаична централа на најплодната почва, со објаснување дека таму ќе се произведуваат земјоделски култури што е постапка во фаза на експеримент.

Наспроти ова, стануваме сѐ поголем увозник на храна, наместо да ја искористиме и онаа малку почва која е плодна за производство – вели Цицонков.

Против ваквите измени на Законот за земјоделско земјиште е и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

– Земјоделското земјиште треба да биде наменето за производство на храна. Земјава има доволно неплодно земјиште со низок бонитет и треба тоа да се користи за други намени освен за храна – вели Цветан Трипуновски, претседател на комисијата на земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата и лани предложи измени на Законот за земјоделско земјиште, со кои фотоволтаичните централи се овозможуваше да се градат на неплодно земјиште, но и тогаш реагираа земјоделците и експертите.

Според пишувања на експерти постои сериозно сомневање дека криминалот во овие таканаречени стратешки инвестиции се проценува над милијарда евра.

поврзани објави

     

Последни објави