30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Скопјани од УТРЕ ќе плаќаат нова цена – еве колку ќе чини парното греење

Скопјани од утре или поточно од 1 ноември ќе плаќаат поскапо за парно греење. Регулаторна комисија за енергетика одлучи крајната цена за топлинска енергија за потрошувачите снабдени од ЕСМ да се зголеми за 4,51%.

Одлуката за новата цена требаше да се донесе во август годинава, но таа беше одложена поради оштетување на гасоводот кај мостот „Беласица“.

Обично РКЕ донесува две одлуки годишно за цената на парното, првата на почетокот на август, а втората во декември. Бислимовски годинава уверува дека до крајот на грејната сезона нема да има нова корекција и покрај данокот на рускиот гас.

Во Скопје има околу 58.000 корисници на топлинска енергија. Со одлуката за новата цена мора да се вратат и шест милиони евра што Владата ги даде во јануари 2022 година за набавка на природен гас за потребите на парното греење во Скопје.

поврзани објави

Последни објави