35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

НЕ ИЗДРЖА СРЦЕТО ОД СВИЊА ВО ЧОВЕЧКО ТЕЛО Пациентот живееше само 6 недели по трансплантацијата

Лоренс Фосет, 58-годишен пациент со терминална болест на срцето и второто лице кое прими генетски модифицирано срце од свиња, почина на 30 октомври, се вели во соопштението од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд во Балтимор, каде е извршена трансплантацијата.

Фосет имаше трансплантација на 20 септември и живееше шест недели – пократко од првиот примател, и покрај дополнителните мерки на претпазливост во Мериленд. На почетокот Фосет добро закрепнуваше од операцијата.

Одеше на физикална терапија, поминуваше време со членовите на семејството и играше карти со сопругата. Но, во деновите пред неговата смрт, неговото срце почнало да покажува знаци на отфрлање на органите; со други зборови, неговиот имунолошки систем го препознал срцето на свињата како туѓо и го нападнал. Отфрлањето е исто така најголемиот предизвик во традиционалните трансплантации на човечки органи, пишува магазинот „Вајрид“ („Wired“).

Во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд и на други места, истражувачите ја проучуваа можноста за трансплантација на животински органи на луѓе – позната како ксенотрансплантација – како начин да се намали недостигот на човечки органи.

– Имаме намера да спроведеме сеопфатна анализа за да ги идентификуваме факторите што можат да се спречат во идните трансплантации – рече Мухамед Мохиудин, кој ја надгледува програмата за ксенотрансплантација на универзитетот.

поврзани објави

Последни објави