-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

ВИДЕО: Снимен драматичен момент: Мајка спаси бебе од налетот на бурен ветер кој го скрши прозорецот

spot_img

Бебешкиот монитор го снимил драматичниот момент како мајка си ја спасува ќерката, откако нивниот прозорец од спалната соба бил скршен од силен ветер.

„Почувствував дека нешто ќе тргне наопаку, а потоа се скрши стаклото“, изјавила Џесика О’Рајли за моментот на „ITV News“ во нивниот дом во Џерси, најголемиот и најјужниот остров во групата Каналски Острови на Велика Британија.

Во краткиот клип О’Рајли и нејзиното тримесечно бебе спијат се додека силниот ветер ги разбуди. Одеднаш, налетот на ветерот го скрши прозорецот, а мајката со ќерката во раце истрчува од собата.

„Сè беше полно со стакло, во креветот, на подот, насекаде“, додала О’Рајли, истакнувајќи дека и таа и нејзината ќерка имале среќа што останале живи бидејќи чувствувала дека „целата куќа ќе се урне“.

Новинарката на „ITV News“, Софи Далсон, објавила дека и мајката и детето се безбедни и дека биле преместени во хотел.

поврзани објави

Последни објави