12.8 C
Skopje
Thursday, May 22, 2025

Ќе „им легне“ божиќниот бонус: Работниците во Германија ќе добијат дури 5.733 евра?

Ќе „им легне“ божиќниот бонус: Работниците во Германија ќе добијат дури 5.733 евра?
Од страна на Вечер -12/11/2023 – 13:40977

Многу компании во Германија на своите вработени им исплаќаат божиќни бонуси уште во ноември, а висината на овие бонуси е различна од работодавач до работодавач.

Медиумите, пак, наведуваат дека просечниот божиќен бонус годинава е околу 2.800 евра.

Инаку, бонусот е награда која се смета за материјално право на работникот, која не е директно регулирана со Законот за работни односи туку е регулирана со колективен договор, правилник за работа, договор за вработување или, едноставно, одлука на работодавачот.

Во категоријата со највисоки божиќни бонуси се работниците во секторот за производство на нафта и гас, каде просечната награда е дури 5.733 евра, пишува магазинот Феникс, додавајќи дека вработените во секторот за преработка на минерални масла имаат нешто помал бонус од 5.586 евра.

Во познати германски компании како Мерцедес, Бош и Порше, вработените исто така имаат право на божиќен бонус, при што во Бош се исплаќа божиќен бонус од 3.300 евра на стандардна максимална плата од 6.000 евра, а во Порше изминативе години се додава 55 проценти на целосната 13-та плата.

Најмали „дополнителни парични суми“ се исплаќаат на работниците кои работат преку агенции, а добиваат околу 380 евра. Во преработката на тутун бонусот е 564 евра.

Инаку, божиќниот бонус во Германија годинава ќе го добијат 85,8 отсто од вработените со колективни договори. Тие во просек добиваат 2.809 евра – 62 евра повеќе од лани, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика.

Има големи разлики меѓу индустриите: во градежништвото, како и кога станува збор за даватели на финансиски и осигурителни услуги, повеќе од 95 отсто од вработените добиваат „стандарден божиќен бонус“.

Во областите информации и комуникации и јавна администрација, одбрана, социјално осигурување – помалку од 70 проценти имаат право на овој бонус.

поврзани објави

     

Последни објави