30.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО: Ќе паѓаат температурите но ќе има и невреме, еве ги деталите

ОД ДЕНЕС ПОЧНУВА ПРОМЕНАТА НА ВРЕМЕТО: Ќе паѓаат температурите но ќе има и невреме, еве ги деталите

Метеорологот Славчо Попоски најавува нови поголеми промени во временската состојба.

„Нов поголем бран на врнежи од запад ни доаѓа веќе попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон сабота. Но овој пат кога ќе се потиснат многу постудениот воздух од север и потоплиот од југ, ќе дојде до локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Со заладувањето врнежите од дожд на планините и на Скијачките центри ќе преминат во врнежи од снег, во сабота врнежите ќе бидат многу послаби и локални, а снежната граница ќе се спушти до околу 700 – 800 метри надморска височина, со што сосема слабо и локално провејување на снег ќе има и во повисоките градови, а ќе биде и многу ветровито, со засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час). Само денес ветерот ќе биде од јужен правец, и повторно со засилен интензитет“, објави тој.

поврзани објави

Последни објави