7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Русковска за КУРИР: Советот на ЈО треба да каже дали одлуката за мое разрешување има политичко влијание

Русковска за КУРИР: Советот на ЈО треба да каже дали одлуката за мое разрешување има политичко влијание.

Поранешна шефица на обвинителството за борба против организиран криминал Вилма Русковска едногласно беше разрешена од Советот за јавни обвинители.

Во изјава за КУРИР, досегашната обвинителка Вилма Рускоска вели дека за неа оваа одлука била очекувана.

-Јас ја очекував одлуката на Советот на ЈО уште кога дисциплинската комисија не го прифати како сведок професорот Калајџиев и очекував да донесат предлог за мое разрешување и апсолутно очекував Советот да ја потврди оваа одлука, изјави Русковска за Курир.

На прашањето дали смета дека оваа одлука на Советот на ЈО е политички реваншизам на ДУИ или СДСМ, Рускоска кратко вели, „Па не“.

-Видете, дали е политика во прашање, треба да ги прашате Советот на ЈО што ја донеле оваа одлука. Јас не знам дали има политичко влијание, треба тие да кажат, истакна Русковска.

Рускоска нема се жали на одлуката за нејзино разрешување, ќе покрене постапка за заминување во пензија.

Обвинителката Ивана Трајчева пак е казнета шест месеци со 30 отсто пониска платата откако Советот на јавни обвинители го прифати предлогот на дисциплинската комисија која отври постапка на барање на јавниот обвинител Љубомир Јоврвски.

Постапката следеше откако беше констатирано дека обвинителките Русковска и Трајчева, но и Елизабета Јосифовска сториле законски повреди во постапката за истрагата и упадот во финансиската полиција тогаш предводена од Арафат Муареми кој што, пак, потоа си поднесе оставка.

Русковска во периодот до одлука на советот беше суспендирана од обвинителската функција, а во обвинителството за борба против организиран криминал ја наслефи Ислам Абази.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -