13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Николовски: Нашата идеја за заживување на Националната рурална мрежа станува реалност!

Нашата идеја за формирање и заживување на Националната рурална мрежа станува реалност.

Први во регионот ја формиравме Националната рурална мрежа, остварувајќи ги нашите цели да создадеме тело, кое ќе помогне во креирањето, информирањето и спроведувањето на Националната програма за рурален развој и поттикнување на нови иновации во земјоделството, како и одржлив рурален развој.

Денес ги доделивме договорите за 26 активности на Националната рурална мрежа, одбрани преку распишаниот јавен повик.
Економско зајакување на жената од руралната средина, обуки на младите земјоделци, на фармерите за примена на зоотехнички мерки, обуки за обезбедување козарско производство во руралните области, обуки за безбедна храна на малите рурални производители, потоа активности за важноста на руралниот туризам и повеќе студиски посети за стекнување на нови искуства и вештини се само дел од активностите кои ги поддржуваме.

Верувам дека преку овие активности сите ние, заедно ќе придонесеме во уште поголемо информирање на земјоделците, за сите можности кои им се ставаат на располагање. Токму тоа е и главната цел на оваа Национална мрежа.

поврзани објави

Последни објави