Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот профил на Фејсбук напиша дека Влада која ќе ја спроведува Тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна. Влада која ќе работи по програма која не ја одобриле граѓаните на избори е влада без легитимитет од граѓаните.
„Фактот што и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ нуди поддршка на Заев со своите 51 пратеници, само СДСМ да се откаже од платформата и фактот што тој упорно не го прави тоа, покажува дека сценариото е многу сериозно, а влогот многу поголем.
СДСМ е заложник на платформата, а државата е уценета и е жртва на Заев и неколкумина од раководството за кои сето ова е можност за спас на своите кариери и избавувања од случаите каде се осомничени за криминал“, вели Груевски.
„За ВМРО-ДПМНЕ првенствено се важни граѓаните и нивните интереси. Единствениот реален и логичен излез од целокупната политичка криза се брзи избори. Изборите, кои иако се толку непосакувана одлука за СДСМ, значат сигурно решение за излез од кризата. Тоа ќе биде референдум на граѓаните за иднината на државата. Тие нема да се никаков нов трошок или губење време, бидејќи и онака треба веднаш да се одржат редовните локални избори“, додава Груевски.
Влада која ќе ја спроведува Тиранската платформа направена и оформена во друга држава, неможе да биде реформска, туку е…
Posted by Nikola Gruevski on Sunday, March 26, 2017