3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо план за живот, донесоа план за редефинирање на државата

„СДСМ се обидува со своите соопштенија да ја одбегне главната тема која го интересира народот, а тоа е дали СДСМ ја има прифатено Тиранската Платформа.

СДСМ молчи, па дури и преку своите наводни експерти ја брани Тиранската Платформа и елементите во неа, кои значат разнебитување на Македонија и нејзино претворање од мултиетничка унитарна држава во бинационална со тенденции за федерализација.

Ова е причината поради која расте револтот на граѓаните.

Патем, граѓаните на овие избори беа измамени со наводни проекти кои денес повторно ги актуелизираат, кои наместо план за живот, донесоа план за редефинирање на државата.

За каква електрична енергија зборува СДСМ, за какво враќање на даноци и слични други лаги, кога јавноста дозна дека СДСМ за да се добере до власт договарала двојазичност на пари и униформи, кои треба да бидат вовед во една поширока дебата, од која на крај епилогот ќе биде преуредена Македонија по теркот на Тиранската Платформа.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев го излажа народот и затоа сега се плаши да излезе на ново соочување. Новите избори се најдобрата дебата, но и најдобриот суд кој може да го даде народот за намерите на СДСМ кои всушност сака да ги реализира.

Затоа народот излегува масовно на улиците.

Затоа Македонија се буди.

Затоа СДСМ е очаен и во паника повторува манипулации на кои веќе никој не им верува“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави