30.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

Листа на автомобили кои се најбезбедни– за еден модел треба да размислите двапати пред да го купите зошто најчесто се расипува

„Lexus“, „Toyota“ и „Mini“ се трите најсигурни брендови на автомобили на овогодишната ранг-листа на сигурни автомобили во Америка која ја составува „Consumer reports“.

Потоа следи „Honda“, со својот луксузен бренд „Acura“ којшто е на четвртото место, а „мејнстрим“ брендот „Honda“ ги заокружува првите пет.

Како се составува листата?

Имено, секоја година „CR“ ги прашува своите членови за проблемите кои ги имале со возилата во претходните 12 месеци.

Годинава добиле податоци од над 330.000 автомобили, модели од 2000 до 2023 година, со неколку рано воведени модели од 2024 година. Азиските произведувачи на автомобили и натаму водат кога станува збор за сигурноста – седум од десет најсигурни брендови се азиски произведувачи на автомобили.

Европските произведувачи на автомобили се на второто место со 46, со три бренда кои го пополнуваат останатиот дел од 10-те најсигурни брендови на автомобили. Американските брендови заостануваат зад европските и азиските со просечна оцена од 39.

Лимузините, хечбек и караван остануваат најсигурните типови возила со просечна оцена од 57 (на скала од 0 до 100), а следат SUV (50) и миниван (45).

„Лимузините паднаа во немилост кај потрошувачите, но како класа се многу сигурни“, вели Џејк Фишер, виш директор за тестирање автомобили во „Consumer Reports“.

„Тие често имаат помалку од најновата технологија и функции кои можат да предизвикаат проблеми пред грешките да се отстранат“, додава тој.

Пикапите се на последното место, со просечна оцена на сигурност од 41.

Интересно е тоа што „Mercedes“ (моделите: C-Class, EQS, GLA, GLB, GLE) се наоѓаат на 29, односно на 30 место на најсигурни автомобили, а за тоа добиле оцена само 23 од вкупно 100, па тоа ги прави едни од оние автомобили кои најчесто се расипуваат.

поврзани објави

Последни објави