3.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Пијан Дедо Мраз делел пакетчиња, па со автомобилот се забил во куќа

Пијан Дедо Мраз додека доставувал новогодишни подароци со автомобилот излетал од патот и се забил во куќа.

Според полицијата, тоа се случило во источната германска покраина Тирингија. Се работи за 54-годишен маж кој бил облечен во Дедо Мраз.

Полицијата извести дека предниот дел на куќата е значително оштетен, но подароците што тој ги имал за семејството и пријателите останале неоштетени. Кога полицијата пристигнала на местото на несреќата видела дека човекот не е способен за возење и му направила алкотест во крвта.

54-годишникот се гони за загрозување на сообраќајот. Несовесниот Дедо Мраз изјавил дека сепак ќе ги достави своите подароци на Божиќ. Но доставата ќе мора да ја изврши без својот автомобил, бидејќи му е одземена возачката дозвола.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -