13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Стефковски во посета на дечињата од СОС Детско село

Ги посетив дечињата од СОС Детско село.

😇Имав посебна чест да ја запознаам мајка Вера која неуморно се грижи за трите девојчиња кои се соочени со предизвици за нивниот развој.

🙌Она што можеше да се забележи беше силна хармонија, топлина и љубов кои овие дечиња ја добиваат од згрижувачите за време на престојот во СОС Детското село.

🤝Изминатите неколку дена посветив особено внимание со цел да реализираме низа на активности преку кои ќе ги изразиме нашите внимание, поддршка и помош во пресрет на новогодишните и божиќните празници.

😇Оваа 2023 година, покрај сите успешно реализирани проекти за нас како општина може слободно да се каже дека беше и година на хуманоста и солидарноста, а за тоа говорат сите реализирани активности.

‼️Како градоначалник изминатиот период имав одлична соработка со раководството на СОС Детското село и секогаш како локална самоуправа дававме силна поддршка за дечињата кои се згрижени во детското село.

поврзани објави

Последни објави