13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Тасевски: Проблем се партиските вработувања, во одмос на непотизмот ова имам да го кажам

Што се однесува до инсинуациите за семејни вработувања и непотизам, во конкретниов случај посочен јас и моето семејство, стојам на располагања, на сите институции, и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство, и кај нас. Како дел од нив, би напоменал многу-бројни обуки во ЕУРОКОНТРОЛ, центри за обука за контролори на летање во Америка, почетното школо за контрола на летање во Белград, постојани проверки на теоретско и практично знаење и способност, лиценци за инструктор и за испитувач…“, пишува Тасевски.

Тој додава дека неговото образование започнало многу пред М-НАВ дури и да постои како компанија, во далечната 1993та година.

„Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев “принуден” да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер“, додава Тасевски.

поврзани објави

Последни објави