13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

[ВИДЕО] Вака изгледала посетата на Гадафи на Југославија и средбата со Тито: По смртта на Броз, сите останале занемени од неговите зборови

[ВИДЕО] Вака изгледала посетата на Гадафи на Југославија и средбата со Тито: По смртта на Броз, сите останале занемени од неговите зборови.

Речиси и да нема човек кој со носталгија не се сеќава на Југославија. Меѓу љубителите на поранешната република бил и либискиот лидер Моамер ел Гадафи, кој често бил добредојден гостин на Тито.

Претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито официјално ја посетил Либија во три наврати 1970, 1977 и 1979 година, додека Гадафи ја посетил Југославија во 1973, 1977 и 1978 година.

Соработката меѓу двете земји започнала со економската помош за Либија во времето а кралот Идрис, а во годините по револуцијата во оваа земја работеле повеќе од 20.000 Југословени. Економската размена изнесувала два милијарди долари, биле изградени пристаништа, патишта, болници – илјадници југословенски лекари и медицински сестри работеле во Либија.

Срдечните односи меѓу двете земји на крајот прераснале во воена трговија во која Либија станала главен клиент за југословенското оружје и друга опрема, па така, меѓу останатото, купила 116 југословенски млазни авиони G-2 галеб.

Југославија остро го осудила бомбардирањето на Либија од страна на Америка во 1986 година, додека Гадафи отсекогаш бил на страната на СФРЈ.

За војната во СФРЈ Гадафи зборувал вака:

„Таа мирољубива земја Југославија се изградила сама, цигла по цигла, откако Хитлер ја уништи. А потоа повторно беше разорена, на истиот Хитлеровски начин. И кога почина Тито, вие дојдовте во поранешната Југославија и ја растуривте, поради вашите сопствени, империјалистички интереси“, зборувал своевремено Гадафи во својот говор, а потоа се запрашал:

„Како можеме ние останатите да бидеме сигурни дека тоа нема да ни се случи нам, кога веќе се случи со една мирољубива Југославија? Дали таа некогаш беше закана некому? Било кога?“

поврзани објави

Последни објави