-1.2 C
Skopje
четврток, декември 11, 2025
spot_img

ДРАМА ЗА ВРЕМЕ НА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД: Гостиварец полеал со бензин вработен, а потоа и својот автомобил и сакал да ги запали!

spot_img

Полицијата денес го приведе И. Р. (44) од гостиварското село Градец.

Според пријавеното, тој се сомничи дека во објект за технички преглед во Гостивар, најпрвин со бензин полеал еден од вработените, а потоа и своето возило по што со запалка се обидел да го запали возилото.

Според пријавеното, исто така И. Р. бил незадоволен од услугата што ја барал, но во намерата да го запали возилото бил спречен и совладан од неколку лица присутни во објектот.

Извршен е комплетен увид, тој е задржан во Полициската станица Гостивар и во координација и консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

поврзани објави

Последни објави