13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Мицевски до СДСМ: Вие сте политички аматери!

ВМРО-ДПМНЕ ќе предлoжи министри за техничката Влада, но нема да гласа за Талат Џафери за премиер.

И поради ваквиот став, може да се случи предлогот за состав на техничката Влада што ќе биде доставен до Собранието, да има празни места во делот каде што треба да фигурираат имињата на министрите од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не гласа за техничката Влада и не ги поддржи нивните предлози, тогаш за нив нема да гласаат ниту пратениците на СДСМ.

Во овој случај, местата на опозициската партија во техничката Влада ќе останат празни.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицески вели дека во овој случај нема да има кој да потпишува за плати или други решенија и според него ова е политички аматеризам.

поврзани објави

Последни објави